Џафери ги достави барањата, утре ќе се одлучува за имунитетот на пратениците

0
413

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поднесени од Основен суд Скопје 1 Скопје.

„Во согласност со член 53, став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поднесени од Основен суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП.  бр. 384/17 од 28.11.2017 година“, се наведува во соопштението.

Неофицијално, седницата на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања ќе се одржи утре околу пладне.

Инаку, по тајната средба на премиерот Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата ја напушти зградата на Собранието без да даде изјава за што се зборувало на состанокот ниту, пак, што ќе се случува понатаму со процесот на одземањето на мандатите на пратениците.

http://makfax.com.mk