Џафери: Нема да ставам потпис на местото на претседателот

0
202

Се бараат решенија за Законот за јазиците, но нема рокови до кога треба законот да стапи на сила. Собрансикито спикер се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Парламентот.

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, изјави дека нема да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, неместо претседателот на државата Ѓорге Иванов.

„Нема да ставам потпис под ничие друго име“, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Претседателот на Собранието вели дека се бараат решенија за Законот. Според него решенија постојат, но сега се анализира кое ќе биде најприкладно. Тој вели дека нема рокови за Законот, оти после второто читање не се пропишани рокови, има само обврска претседателот на државата да го потпише.

„Според одредбите на Уставот, Иванов го прекршува Уставот, не го прекршувам јас. Законодавниот дом не може никој да го спречува да носи закон и да го стави во функција, ако е така, тогаш имаше проблем со демократијата со поделба на власта“, вели Џафери.