Џафери не сака да коментира што ќе биде ако Иванов не го потпише указот

0
285

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одбива да коментира што ќе биде доколку претседателот на државата, Ѓорге Иванов, не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците. Според Џафери, доколку Иванов не се предомисли, ќе ги прекрши уставните одредби.

– Нема да коментирам што ќе биде ако биде. Членот 75 од Уставот на Република Македонија е јасен и по повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, што е случај со законот, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот за прогласување на законот. Во спротивно ги крши уставните одредби – изјави Џафери по денешните свечени изјави на новите членови на Судскиот совет во законодавниот дом.

fokus.mk