Џафери пристигна во суд да сведочи за нападот врз Села

0
146

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигна во Кривичниот суд каде ќе треба да сведочи за нападот врз пратеникот Зијадин Села, кој беше крваво претепан од група демонстранти на 27-ми април. Денеска во судот се одржува уште едно рочиште за овој случај, а обвинетите се товарат за „обид за убиство“.

Освен Џафери во овој случај сведочат и други функционери. Пред него во судот пристигнаа министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

fokus.mk