Џафери ја затвори седницата за гласање недоверба на владата

Нешто пред полноќ претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја затвори седницата на која требаше да се гласа за недоверба на Владата по поднесената иницијатива на опозициските партии.

Цел ден седницата помина во неколку обиди да се обезбеди кворум за работа, многу паузи, дискусија немаше. Парламентарното мнозинство не беше присустно во салата, а опозицијата не можеше да обезбеди 61 пратеник.

„Имајќи го предвид фактот дека според процедурите на Деловникот од моментот на поднесување на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис. Во текот на третиот ден, кој истекува за 20 минути, Собранието треба да се изјасни. Имајќи предвид дека тие немале кворум за целта за кое беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан и според Деловникот не може да се отвори дебата околу иницијативата за гласање на доверба. Имајќи предвид дека истекува времето, не ни останува ништо друго освен да констатираме дека на Владата не ѝ е изгласана недоверба и Владата останува во состав и со должностите кои ги има“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во собраниската сала освен  Џафери, присутни беа министри и претседателот на Владата.

 

 

Сподели