Џафери ја прекина седницата за да оди на координација со ВМРО-ДПМНЕ

0
746

Дел од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека по изгласувањето на точките ќе оди на координација со координаторите на пратеничките групи, пишува Фокус.

Како што рече, тој ќе се види со нив на половина час. Ваквата најава следеше откако пратениците Илија Димовски и Драган Данев се консултираа со Џафери.

Претходно, Данев побара пауза од говорница, но Џафери не дозволи. Во меѓувреме, пратениците изгласаа неколку точки.