Џенифер Лопез и Алекс Родригез се смирија благодарение на новата заедничка рекламна кампања

Џенифер Лопез и Алекс Родригез неодамна објавија дека нивната врска е ставена на пауза но, најновите вести се дека латино дивата и поранешниот бејзбол играч ја пребродија кризата. Токму поради тоа тој одлета во Доминиканската Република за да биде со неа.

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез рекоа дека работат на нивната врска откако се појавија шпекулации за нивна разделба. Се чини дека тие ја обновиле својата романса, а на заедничките фотографии изгледаат посреќни од кога и да е.

Споделувајќи го нивниот нов деловен потфат, Алекс напиша на Инстаграм: „Официјало е! Ние сме дел од семејството Goligummy !! Џенифер и јас сме многу возбудени да објавиме дека ги здруживме силите со Goli Nutrition. Тие направија револуција во Велнес индустријата со своите иновативни, вкусни и хранливи гуми за џвакање!“  Се чини дека страста во оваа врска не е завршена, Џенифер и Алекс неодамна беа забележани како се бакнуваат во Доминиканската Република, каде што престојуваат додека Џенифер го снима новиот филм.

Сподели