Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени од папараците

Кратко по нејзината разделба од тогашниот свршеник Алекс Родригез, гласини се раширија дека таа е повторно заедно со поранешниот дечко Бен Афлек.

А тоа и се потврди  со оглед на тоа што тие не ја криеја својата обновена романса и беа забележани на вечера во отмен ресторан во Западен Холивуд во понеделникот.

Џенифер и Бен стоеа прегрнати додека чекаа да бидат сместени во новиот ресторан „Волфганг Пак“ во отмениот хотел „Пендри“. Папараците направија десетици фотографии со вљубените. На една од нив, 51-годишната латино дива ја навалува главата во вратот на 48-годишниот оскаровец, а тој цврсто ја држи со едната рака.

Таблоидите објавија дека вечерата траела неколку часа и дека подоцна им се придружил долгогодишниот менаџер на Лопез, Бени Медина, и нејзината продуцентка Елејн Голдсмит-Томас.

Сподели