Џепането во Битола ќе стане културен простор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Објектот кој е дел од историјата на Битола, Џепането, веќе неколку години наназад е честа мета на крадците, кои однесоа од овој објект се што можеше да се земе. Токму заради тоа објектот почнува да се распаѓа.

Со цел да се заштити објектот од крадци и понатамошно предизвикување штета, Завод и Музеј Битола покрена иницијатива за овој објект да се стави во културна функција, но претходно треба да се заштити, истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Интервенциите кои сега се изведуваат се за прво и основно да се заштити од натрапници, а потоа со изготвување на проект за реставрација и конзервација и тој објект да се санира. Се надеваме дека во иднина и тоа ќе биде културен простор каде ќе се изведуваат културни активности“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Битолската тврдина наречена и Џепане, претставува споменик на културата од прва категорија во Македонија. Таа е изградена во 1876 година во форма на крст со вградени четири уникатни објекти од делкан камен. Објектот е сместен во битолската касарна. Објектот, кој е врвно архитектонско остварување на смилевските мајстори, кои иако по нарачка на валијата го изградиле во форма на крст, е место за културни настани и туристичка атракција. Во минатото Џепането ретко кој го посетил со оглед на тоа дека во времето на ЈНА бил магацин за оружје и се чувал како воена тајна, заштитен со стражарници, бодликави жици и замандалени челични порти, но денес со затворањето на касарната и давање на општината во владение, објектот е отворен за посети и за поголеми инвестирања.

Share.