Џереми Хант нов шеф на британската дипломатија

0
113

Велика Британија експресно доби нов шеф на дипломатијата. На местото на Борис Џонсон, кој поднесе оставка на функцијата во знак на протест против владините планови за поблиски трговски односи со Европската унија (ЕУ), е назначен Џереми Хант кој од 2012 година беше министер за здравство.

Покрај Борис Џонсон, оставки поднесоа уште двајца министри во кабинетот на Меј, меѓу нив и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, потоа неговиот заменик Стив Бејкер во Одделението за излез од ЕУ и Сјуел Браверман, државна секретарка за Брегзит.