Џибони со Влатко Стефановски во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!
Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.
„Gibonni е човек со премногу добри песни од кои секој од нас има по некоја своја и човек кој прави фантастични настапи!“, велат од Авалон.

За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, од Авалон известуваат дека настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, свој целовечерен настап да има и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.
Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но истата вечер публиката ќе може да ужива и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.

Кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, од Авалон информираат дека честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI.

Gibonni не беше во можност да присуствува на прес конференцијата, но испрати видео порака


„Драги пријатели, чест ми е што на овој концерт на 23 декември повторно ќе свириме јас и Влатко, тоа е празник за мене. Ќе има одлични музичари, јас доаѓам со мојата екипа, ќе има нешто домашно нешто од америка и ќе ви го донесам овој дух од Далмација во Скопје па да се загрееме сите, на 23 декември ќе биде одлично.“, истакна Џибони.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk, соопштуваат од продукцијата.

Share.