Џиновска панда роди близнаци, што е редок случај -едното близначе ставено во инкубатор

Зоолошката градина во Токио соопшти дека џиновска панда добила близнаци. Од таму посочуваат дека ова е редок случај. Полот на мечињата се уште не е познат.

„Ова е првпат да се родат панди близнаци во Јапонија.“, изјави директорот на зоолошката градина Јутака Фукуда.

Големите панди многу тешко се размножуваат како во дивина, така и во заробеништво, а раѓањето на двојки е исклучително ретко. Тие многу ретко се грижат за двете мечиња истовремено, па едно беше ставено во инкубатор.

Сподели