Џипси кингс за второто издание на Аll you need is love

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на второто издание на Аll you need is love, познатото шоу на Авалон продукција, на 22-ри декември Џипси кингс ќе настапат во Скопје.

Како предгрупи на концертот ќе настапат Баклава и Чалгија саунд систем.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, Џипси кингс станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Македонската публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови. Во текот на  три децениската кариера, Џипси кингс имааа неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Балиардо, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. После шест номинации за Греми наградите, Џипси кингс во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“, соопштуваат од Авалон.
Сo оваа турнеја Џипси кингс одбележуваат 30 години кариера.

 

Share.