Џошуа го победи Руиз на поени и си ги врати појасите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ентони Џошуа го доби реваншот со Енди Руиз и си ги врати појасите во тешка категорија, Британецот го победи Мексиканецот на поени по 12 рунди битка.

Енди Руиз во јуни приреди големо изненадување откако го нокаутираше Ентони Џошуа во Медисон Свквер Гарден во Њујорк.

Британецот сепак не дозволи нов срам, добро се подготви за реваншот и денеска во Саудиска Арабија го доби ревашот и си ги врати титулите во тешка категорија.

Во борба во која имаше многу тактизирање, ниту еден од боксерите не падна на подот. Победникот беше одлучен на бодови по 12 рунди битка, а судиите едногласно го одбраа Ентони Џошуа.

Share.