Џудо во училиштата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Џудо федерацијата на Македонија во соработка со Светската џудо-федерација (ИЈФ), годинава планира да почне со реализација на проектот ,,Џудо во училиштата“. Проектот треба да биде спроведен во 10 градови меѓу нив и градот Битола. Тоа е голем напредок за популаризација на овај спорт бидејќи Џудото како дисциплина е посебно и старо, кое, покрај вежба за телото, придонесува и за духовно издигнување, вели џудо мајсторот 6- ти дан Ѓуро Илиќ.

„Џудо федерацијата на Македонија во соработка со Светската џудо-федерација (ИЈФ) добива 10 градови во кои што треба да влези џудо спортот во училиштата. Сметам дека тоа е голем напредок за омасовување и популаризација и повеќестрано корисност за воведување на џудо кај младите луѓе. Мислам дека во тие градови Битола ќе биде сигурно и во иднина треба да очекуваме да имаме уште подобар квалитет, уште помасовни клубови како и подобри резултати како на меѓународен така и на домашен план“, рече Ѓуро Илиќ, џудо мајстор 6 Дан.

Џудото е многу повеќе од само спортска дисциплина. Тоа е еден цел систем на вредности што влијае врз моделирање и трансформација на личноста, во позитивна смисла, вели Илиќ.

„Одамна имам кажано дека џудо претставува една комплексна вештина која што благопријатно и позитивно делува врз формирањето на психофизичката личност посебно кај младите односно кај децата, од претшколска и школска возраст“, рече Илиќ.

Вели еден ваков проект е насочен токму кон младите, да се занимаваат што повеќе со спорт.

Share.