Џудо мајсторот Ѓуро Илиќ го претстави звањето Шести дан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пред неколку дена во Белград, македонскиот џудо мајстор Ѓуро Илиќ беше промовиран во Мајстор шести дан, највисоко мајсторско звање во нашата држава. Илиќ, кој годинава одбележува 50 години работа во џудо клубот Пелистер денес во Битола го претстави големиот успех.

Илиќ признанието го доби од легендарниот цудист Славко Обадов, освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во Монтреал.

„За овој спорт се вели дека е спорт за луѓе од 7 до 77 години. Веќе границата ја поместивме со дечиња од четири години кои веќе тренираат во нашиот клуб, а со личен пример ќе се обидам да ја поместам и другата граница.

Звањето џудо мајстор шести дан важи за почеток на високите класи и е признание какво што досега не освои ниту еден Македонец. Чест ми е што ја пробив бариерата и што признанието го добив лично од Обадов“, рече Илиќ.

Ѓуро Илиќ во наредниот период покрај во државата ќе има и голем број на предавања и семинари и надвор од државата.

Share.