Џузепе Конте сепак ќе биде италијански премиер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Правникот Џузепе Конте го прифати предлогот на претседателот на Италија Серџо Матарела да биде нов премиер на земјата, откако во минатата недела пропадна неговиот прв обид да состави кабинет. Се очекува Конте и министрите денеска да положат заклетва.

Матарела синоќа го повикаl Конте во претседателската палата, по соопштението на популистичките партии, Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига дека се создадени услови за политичка влада. Италијанскиот претседател претходно го блокираше изборот на евроскептичен министер за финансии, по што Конте се повлече. Поранешниот функционер во ММФ Карло Котарели тогаш доби мандат да ја води привремената влада.

Share.