ТЕРА

REKLAMA???

МУРАЛ ПОСВЕТЕН НА ПЕТРЕ М.АНДРЕЕВСКИ ВО ДЕМИР ХИСАР

На источната страна на Домот на културата ,,Илинден’’ во Демир Хисар, е нацртан мурал посветен на Петре М.Андреевски. Истиот е производ на одличната соработка на професорката Дијана Колонџоска и учениците од СОУ “Крсте Петков Мисирков”, и ќе сведочи за нивната посветеност, трудот и љубовта кон уметноста. Муралот е проект во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик” поддржан од Министерството за култура. Ликовниот педагог од Битола, Дијана истакна:

„ Во случајот го величаме  великанот на македонската поезија Петре.М Андреевски кој потекнува од демирхисарскиот крај ,поточно од с.Слоештица  и постхумно библиотеката која функционира во рамките на Домот на културата,,Илинден’’- Демир Хисар е именувана токму по неговото име,или Народна библиотека,,Петре М.Андреевски. Сакам да нагласам дека насловот е инспирација токму од неговата љубов во разни облици,особено кон татковината,македонскиот народ и македонскиот јазик.Неспорно и едногласно го ставивме насловот ,,ТЕ ЉУБАМ НА КИРИЛИЦА’’, и додаде:

„ Во разговор со директорот на Домот на културата,,Илинден’’ – Демир Хисар, почитуваниот Славче Велјановски и јас како долгогодишен ликовен педагог во СОУ,,Крсте Пeтков Мисирков ‘’ во истата Општина, дојдовме до  заедничка идеја ,ликовниот израз да биде претставен во форма на мурал и да биде насликан токму на источната страна на самиот објект“.

Преку проектот одговориле на повеќе прашања:” Како ние би се споредувале со ‘пирејот’ ако не беше Андреевски во македонската поезија?”.Прикажавме како се љуби со четка во рака и со едни единствени пораки на кириличното писмо и нашиот македонски јазик.Се поистоветувавме со неговите песни за ,,Дениција’’ и неговата љубов кон неа ,која е безвременска.

,,Кога ја љубев Дениција , како да учествував во содавањето на Првата Македонска Држава’’.

„ Начинот на изразување на љубовта е посебен,лесен за читање, без никакви стереотипи, мислите се слободни ,чисти со голема љубов кон Дениција,за која поетот е подготвен да даде сè за да опстане.Преточувајќи ја таа љубов  во родољубно чувство на моменти не сме сигурни што е Дениција : жена или татковина? Проектот е изработен со голем труд и љубов на која сум многу горда ,,ТЕ ЉУБАМ НА КИРИЛИЦА’’ е метафора каде естетиката и емоциите ќе надвладеат и се надевам дека ви пренесовме како тим  дел од нашата љубов и вам драга публико“, додава Колонџоска.