ТЕРА

REKLAMA???

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО САД, ТЕМПЕРАТУРИ И ДО -45 СТЕПЕНИ

Зимско невреме ги погоди САД, поради што институции и училишта се затворени низ Дакота, Минесота и Висконсин. Речиси 5 000 летови се откажани денеска.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 км/час додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да спуштат и до -45 степени.

Сојузните држави во северните рамнини главно се затвораат пред големата зимска бура која може да донесе снег до 60 сантиметри во некои области, придружена со силен ветер и опасно ниски температури.

Во меѓувреме, многу места во средината на Атлантикот до Флорида се очекува да забележат рекордно високи температури, во некои случаи и до 40 степени над нулата.