1.500.000 денари пари од буџетот за ФК Пелистер

0
2449

На седницата на Советот на општина Битола која е закажана за следниот петок се очекува да биде донесена Одлука на ФК Пелистер АД Битола му се доделуваат финансиски средства во износ од 1.500.000,оо денари од Буџетот на општина Битола за доадаптација и санирање на соблекувалните во подтрибинскиот простор на јужната трибина.
Со одлука ќе биде задолжен ФК Пелистер АД Битола да достави повратна информација (извештај) за користењето на доделените финансиски средства.