По повод 10 годишнината од возобновувањето на Камерниот оркестар на Битола во Центарот за култура утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи Свечена Академија.
Камерниот оркестар постои повеќе од четири децении. На почетокот бил воден од професорите Кирил Петков и Зоран Маневски и составен од музичари ентузијасти кои што ја негувале љубовта кон музиката и успеале да го формираат оркестарот кој што полека развивајќи се низ годините, денес е веќе многу добро познат бренд низ целиот Балкан.

Идејата за возобновување, популаризација и доближување на оркестарот до пошироката публика се роди во 2013 година, и е реализирана од диригентот Владимир Димовски и виолистот и професор во средното музичко училиште во Битола Никола Трајановски.
Од неодамна Камерниот оркестар на Битола е национална установа.
На Свечената Академија ќе бидат доделени плакети и благодарници на најголемите поддржувачи на Камерниот Оркестар на Битола изминатите години.













