ТЕРА

REKLAMA???

10 НАГРАДИ ЗА ФИЛМОТ „ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО“, КОПРОДУКЦИЈА НА ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“, дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, сооопшти Агенцијата за филм на Македонија. 

„Зад стоговите сено“ постигна исклучителен успех на церемонијата што се одржа на 27 јуни во Атина, Грција. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди, и тоа: за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот. Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди (Hellenic Iris Awards) се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија.

Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуцент е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември 2022 година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа – Индија.

Дејствието на филмот се одвива во 2015 година. Приказната во филмот зборува за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија.