ТЕРА

REKLAMA???

10-ТИ ПО РЕД „ДЕНОВИ НА РОСТКОВСКИ“

Во организација на Здружение за македонско-руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски” се одржуваат јубилејните 10-ти по ред “Денови на Ростковски”, по повод 120-годишнина од смртта на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски (1860-1903).

Манифестацијата започна со полагање на цвеќе на споменикот “Руски крст” во градскиот парк во Битола, каде што на присутните се обратија г-дин Пеце Гаштаров, професор Александар Стерјовски и Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација г-дин Сергеј Баздникин.

Aктивностите продолжија во Буковскиот манастир, кој што бил летна резиденција на Конзулот Ростковски, каде проф. Драги Анастасовски одржа пригоден говор пред плочата посветена на конзулот Ростковски, а потоа се одржа панихида во чест на конзулот Ростковски.

Делегацијата на амбасадата на Руската Федерација ја посети и просторијата посветена на конзулот Ростковски која се наоѓа во склоп на манастирот.