10.000.000 денари за „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп

0
572

Владата на вчерашната седница заклучи Министерството за внатрешни работи, во рамките на договорот со Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп, во државна сопственост, да го реализира Заклучокот од 32-та седница на Владата, одржана на 19.10.2017 година, кој се однесуваше на информацијата за изнаоѓање на решение за состојбите во ова друштво во државна сопственост. Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000,00 денари на сметка на друштвото, со цел исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката.