10 годишно постоење на здружението СФЕРА

0
1520

Тргнувајќи од нивната цел која преку не формални методи врши едукација на населението во Македонија во врска со заштитата на животната средина, културното и природното наследство, со цел да се подигне свеста кај сите возрасни групи за важноста на здравиот начин на живот и придобивките кои доаѓаат со неа. Здружението СФЕРА Македонија ја прослави 10 годишнината
од нивното постоење.

– Ние како СФЕРА Македонија во нашето 10 годишно постоење на Општина Битола и Македонија сме задоволни од нашето делување и од сите граѓани кои ни се приклучија во работата кон остварување на нашата цел, т.е помош кон социјалниот живот. Имавме многу добри 10 години на соработка со сите институции, фирми, приватен сектор и државен, како и надвор од Македонија, изјави Милчо Дули претседател на здружението СФЕРА.

Младите се нивна инспирација и предизвик. Ова здружжение досега членува 500 волонтери само од Битола , а околу 1000 од другите градови , додека пак 3000 млади поминале само на семинари или проекти организирани од здружението Сфера. Но тука не застануваат, тие ќе продолжат и поманатму да ја реализираат нивната мисија.

– Веќе 5 години имаме план кој што значи проширување на нашата организација, моментално ја имаме во 5 држави од Европа, а сакаме да направиме мрежа на СФЕРА организации и да ја регистрираме во ЕУ, вели Милчо Дули претседател на здружението СФЕРА


СФЕРА Македонија во текот на една година испраќа околу 250 до 300 млади луѓе од нашата општина на младински размени во европските држав. Како најбарани земји за младинска размена се Франција, Германија, Шпанија,Италија, но исто така и Полска, Чешка и Романија.