10 илјади евра општината ќе донира за Клиничката болница во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На денешната седница на Советот на општина Битола како прва точка на дневен ред ќе се најде иницијатива на градоначалничката на Битола Наташа Петровска за носење одлука за доделување 10.000 евра донација за болницата во Битола.

Средствата ќе бидат наменети за набавка на флуометри и дополнителни материјали кои се потребни за обезбедување на кислородна поддршка на пациентите во болницата.

 

Share.