10 исчезнати и 400.000 евакуирани во Јапонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку десет лица, меѓу кои и едно дете, се водат како исчезнати, а 400.000 се принудени да ги напуштат своите домови од поројните дождови што го зафатија југозападниот дел на Јапонија.

Локалните медиуми јавија дека, поради дводневните дождови многу реки се излеале од своите корита.

Најтешко погодени се префектурите Фукуока и Оита.

Речиси 7.500 спасувачи работат на терен.

Share.