ТЕРА

REKLAMA???

100 УКРАИНСКИ ЦИВИЛИ ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ФАБРИКАТА ВО МАРИУПОЛ

Околу 100 украински цивили евакуирани од Мариупол се очекува да пристигнат во југоисточниот град Запорожје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, но стотици се уште остануваат во бункери под фабриката за челик Азовстал во опколениот пристанишен град на Азовско Море.

Зеленски ја поздрави успешната евакуација во порака на Твитер. Официјалниот претставник на Украинската национална гарда Денис Шлеха вчера изјави за националната телевизија дека се потребни уште најмалку два напора за евакуација за да се евакуираат сите цивили од Азовстал, каде што стотици луѓе, од кои многу жени и деца, сè уште остануваат во опколените бункери.

Околу 100.000 луѓе можеби сè уште се во Мариупол, вклучително и околу 2.000 украински борци под распространетиот комплекс Азовстал, единствениот дел од градот што не е окупиран од Русите.