Филмот „Северен пол” ја достигна бројката од 100 фестивалски учества ширум светот освојувајќи 15 награди. Во низата на последните награди е и наградата за “Најдобра актерка” во категоријата KIDDOS на 11 издание на Visioni Corte Film Festival за талентираната, млада актерка Антонија Белазелкоска. Наградата за “Најдобар краток филм” на 14 издание на PriFest -Prishtina International Film Festival кој се одржа од 20 до 25 септември во Приштина.
Тука е и наградата за најдобакраткометражен филм на петтото издание на Seanema Film Festival кој се одржа од 15-ти до 18-ти септември во Улцињ, Црна Гора.
Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе интернационални фестивали и освои награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) се квалификуваше за наградата „Оскар“.

Претходно филмот освои и две награди во рамките на интернационалната селекција на 4-то издание на Castrovillari Film Festival.
Наградата за најдобра актерка и’ припадна на младата и талентирана Антонија Белазелкоска и наградата за најдобра кинематографија му припадна на добро познатиот и докажан директор на фотографија Владимир Самоиловски.
Исто така тука се двете награди за најдобар краток филм. Наградата KODAK BEST SHOT ON FILM ја доби во рамките на 18-то издание на HollyShorts Film Festival кој се одржа од 11-ти до 20-ти август во Лос Анџелес.
Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска.












