100.000 луѓе во Германија ќе останат без работи заради Брегзит

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Излегувањето на Велика Британија од Европска унија без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажува најновото истражување објавено во „Велт ам Зонтаг“.

Најверојатно автомобилската индустрија во Германија ќе биде најпогдена со намалување на извозот во случај на нерегулиран Брегзит. Во однос на бројот на вработени најпогодени би биле фабриките Фолксваген во Волфсбург и Бе-Ем-Ев во Баварија односно околу 800 лица би можеле да го загубат работното место.

Според истражувањето, 612.000 луѓе ширум светот би можеле да ја изгубат работата во случај на Брегзит без договор.

Share.