На денот на пролетта, колку се грижиме за животната средина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На разни места во градов секојдневно никнуваат мини депонии, најчесто  е ваква реакцијата на граѓаните. Споделуваат фотографии на интернет, реагираат до медиумите и бараат одговорност. Некогаш се самокритични, а најчесто кон другите.На денот на пролетта битолчани, барем оние кои што ги анкетиравме на градското шеталиште, сметаат дека не се грижиме за животната средина.

Тука се поставува прашањето како да се подигне свеста за здрава и животна средина.


А рецептот за мини депонија е добро познат-доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека не се случи рид од губре, па да има силни криткки а потоа и реакција. И откако ќе биде исчистено, нема да поминат ни два три месеци, и на истото место повторно ќе видиме дека се направила депонија.Но не е само ѓубрето проблем кое што го оставаме зад себе. Многу често сме сведоци и на уништување на зелените површини, крадење на садници итн. Од Комуналец повторно упатија апел до граѓаните за подигнување на јавната свест за здрава и чиста животна средина.

-Постојано имаме поплаки од граѓаните и институциите, се жалат од училиштата, дека се откорнати  многу садници од акцијата на „Интерворкс“ што се реализираше минатата  година. Ние од  „Комуналец“ тоа го чувствуваме секојдневно, затоа што и површини кои хортикултурно ги уредуваме и одржуваме,  постојано се уништуваат.  Граѓаните мора да покажат повисока свест , дури и да укажуваат, да сликаат, да пријавуваат. Јас ги охрабрувам, затоа што мора да најдеме начин, нека биде разговор, предупредување, да делуваме превентивно. Ако сите заедно не се грижиме, не можеме да имаме добра животна средина, вели Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера. Значи денеска почна пролетта, а асоцијацијата за неа и чистото. По дома се средуваат работите, односно домаќинкоите го нарекуваат проелтно чистење. И по надвор треба да е чисто, да се зазеленува и да ќивееме во еколошка средина.

Share.