„Заедно во борба со канцерот“ хуманитарен Велигденски Базар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Понесени од голготата со која што се соочуваат во борбата со карциномот трите волонтерки од здружението Јасмин  Александра, Анета и Андријана, денеска на плоштадот Магнолија организираа Велигденски Базар.Битолчани на штандовите имаа можност да купат дел од она што беше изложено и со тоа да помогнат на лицата заболени од карцином. Базарот се одржа под мотото „ Заедно во борба со карцином“.

Во Битола според информациите со кои што тие располагаат има 2400 лица заболени од малигни заболувања, од кои 8 деца.Тие како здружение постојат во една година а бројат 10 членови .


Ги повикаа граѓаните заболени од малигни заболувања да им се приклучат во борбата со карциномот.Упатија апел до надлежните да ги слушнат нивните проблеми .

Велигденскиот базар се одржа за прв пат во Битола.

Share.