109 години од албанската азбука

0
616

Во Битола се оддржа научна конференција по повод 109 годишнината од Конгресот на албанската азбука, датум на кој дошло до нејзино стандардизирање и унифицирање.
На академска конференција се зборуваше и за придонесот на семејството Ќиријази и влијанието на сестрите Ќиријази од почетоците на отворањето на првото училиште на албански јазик и првото женско училиште.

Пратеничката Ѓулимсере Касапи рече дека дејноста на ова семејство извршило големо влијание во образованието на албанските жени.

Битолскиот Конгрес претставува еден од најголемите настани на Албанскиот народ каде интелектуалци од 14 до 22 ноември во 1908 година се собраа за составување на азбуката на албанскиот јазик.

Пораката за пријателство, соживот и добра соработка со сите етнички заедници без разлика на нивната религиска припадност треба да започне од Битола изјави Сибела Алимовска од невладината организација 22 нантори.

На научната конференција учествуваја над 100 учесници.Инаку оваа конференција е подржана од Министерството за култура на РМ како и од Општината Битола и Струга.