11 километри азбесни цевки во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЈП „Водовод“-Битола со поддршка на локалната самоуправа ќе продолжи со отстранување на азбестните водоводни цевки во градот.Ова го најави директорот Горан Козаров на последната средба со градоначалничката Петровска. Вели дека e утврдена програмата за реконструкција на водоводната мрежа и дека посебен фокус на менаџментот на ЈП „Водовод“ е остранувањето на азбестните цевки.

-Пред неколку години имаше околу 20 километри, континуирано се работи на нивна промена, сега има останато 11 километри азбестни цевки. Една од најголемите улици во централното градско подрачје „Стив Наумов“, има најголема должина на азбестни цевки, за оваа улица веќе имаме градежна дозвола, а треба да добиеме дозвола и средства за реконструкција. Во тек е подготовка на тој проект, со кој ќе бидат промениети азбестните цевки, со што ќе останат уште 3000 метри од овие азбестни цевки низ градот, вели Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“.

После големата потрошувачка на вода за време на поларниот студ што минатиот период ја зафати Битола, од ЈП „Водовод“ велат дека состојбата се нормализира.

ЈП „Водовод“ во текот на минатата година стави во функција нова баждарница,го обнови дел од возниот парк за транспорт на работници, набави нов мини багер за одржување на водоводната мрежа, а го пушти во употреба  и новиот наплатен центар во управната зграда. Вкупната инвестиција на ЈП „Водовод“-Битола изнесува 22 милиони денари, средства на претпријатието.

Share.