11 лица повредени во сообраќајка во Прилеп

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 54 годишно лице од Прилеп и минибус „Мерцедес Спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 30 годишно лице од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот Фиат Пунто, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило 44 годишно лице  од Прилеп и уште девет патници во минибусот.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, соопшти полицијата.

Share.