Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (19.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 112 возачи, меѓу кои 35 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 18 мерки за возење без возачка дозвола, 1возач за управување под дејство на алкохол,22 санкции за непрописно престигнување,16 санкции за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење на мобилен телефон при возење.
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Инаку во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.