119 години од матурирањето на Кемал Ататурк

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претставници на генералштабoвите на армиите на Република Македонија и Република Турција, воени кадети од Турција, амбасадорот и конзулот на Република Турција, претставници на здруженија за македонско-турско пријателство и на јавниот живот во Битола, ја одбележаа годишнината од дипломирањето на основачот на модерната Република Турција, големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Годинешната прослава беше фокусирана на историската и безвременска мисла на Ататурк „Мир во земјата, мир во светот“, која според Мухамет Рацај, заменик началник на генералштабот на Република Македонија е со универзална вредност.Неговата порака, потенцира, денес е преточена во заложбите за придонес кон локалниот мир и безбедност, и на патот кон остварување на тие заложби Република Македонија цврсто чекори кон рамноправното партнерство со НАТО и како свој голем сојузник ја има Република Турција.

На свеченоста во Битола, претставникот на Генералштабот на армијата Република Турција, Нерим Битлислиоглу потсети на заедничката историја на двете држави, сегашноста и иднината.

Амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара на свеченоста во Битола во своето обраќање до аудиториумот нагласи дека Градот на конзулите претставува културен мозаик што ги соединува луѓето од сите страни на светот.

Годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битолската Воена Гимназија гостите од Турција ја одбележаа и со посета на Спомен собата на Ататурк во НУ Завод и Музеј.

Share.