-12 во Лазарополе, -2 во Битола

0
571

Утрово најстудено со -12 степени беше во Лазарополе, -10 Маврово, Крушево, -8 Берово, Дебар, -6 Охрид, Претор, -5 Тополчани, Ѓуриште, Пожаране, -4 Куманово, Прилеп, -3 Кр. Паланка, Штип, Струмица, Д. Капија, -2 Битола, Скопје, Скопје Петровец, Тетово, 0 Гевгелија, Дојран.

Умерено до значително облачно со ниска облачност, а понекаде со слаб претежно северен ветер. На југозапад и југоисток во 7 часот е сосема ведро.

Времето денеска, претпладне маку до умерено облачно, а од средината на денот сончево со мала облачност. Само на североисток ќе се задржи облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 1 до 6 степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува преодно наоблачување со малку повисоки температури особено наутро и со услови за појава на слаб снег претежно во северните делови. Во Сабота ќе дува и засилен северозападен ветер.