12 претстави за 6-тиот Битола Шекспир фестивал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со претставата Јулие Цезар во режија на Златко Паковиќ, во изведба на Битолскиот народен театар, на 23 -ти јуни, се отвора 6-тиот

Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 30 -ти јуни.

За време на фестивалските денови предвидени се гостувања на 12 претстави од Хрватска, Романија, Казахстан, Полска, Црна Гора, Македонија.

Она што привлекува посебно внимание на годинешното издание, е гостувањето на хор од Полска кои ги изведуваат сонетите на Шекспир, како и една детска претстава.

Изминатиот период Битолскиот театар успешно се претстави на гостувањето во Црна Гора како дел од театарскиот фестивал во организација на Црногорскиот Народен театар од Подгорица , каде ја изведе претставата Коцкар, во режија на Дејан Пројковски, а по текст на Достоевски. 

Следува гостување во Полска.

Во меѓувреме започнаа и подготовките за новата претстава Но(е)ва Македонија, авторски проект на извонредниот Кокан Младеновиќ.

6-тото издание на интернационалниот Шекспир фестивал ќе биде затворено со гостувањето на црногорскиот народен театар со претствата Зимска бајка во режија на Дино Мустафиќ на 30ти јуни.

Битола Шекспир фестивалот, низ своите изминати изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња.

Овој фестивал е дел од мрежата на Европската асоцијација на Шекспир Фестивали, со што стана дел од државите кои  со голем пиетет го негуваат вербалното и сценското богатство на Шекспир.

 

Share.