Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица и двајцата од екипажот се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.
Летот на „Jeju Air“ што доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 181 патник и членови на екипажот, се обидел да слета денеска околу девет часот наутро по локално време на аеродромот на југот на земјата.
На снимките од несреќата се гледа двомоторниот „Боинг 737-800“ како се лизга по пистата без опрема за слетување, удира во ѕид и експлодира.
Инспекторите разгледуваат повеќе можности како причина за несреќата меѓу кои удар од птици и лоши временски услови. Агенцијата Јонхап ги цитира аеродромските власти кои рекоа дека удар од птица го оневозможил спуштањето на тркалата.












