ТЕРА

REKLAMA???

125 САНКЦИИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СВР БИТОЛА

Вчера во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Од МВР велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта