Ангелевска ја спушти маската на денешниот прес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ќе Ви се обратам без маска, не затоа што сум несовесна и не ги почитувам препораките, туку заради тоа што сум убедена дека треба пред Вас да излезам очи в очи, без маска и без никакво политиканство, рече меѓудругото на денешната пресконференција Силвана Ангелевскаод ВМРО ДПМНЕ-Битола.

„Почитувани граѓани, јас денес ќе Ви се обратам без маска, не затоа што сум несовесна и не ги почитувам препораките, туку заради тоа што сум убедена како кандидат за пратеник, дека треба пред Вас да излезам очи в очи, без маска и без никакво политиканство. Овде сум пред Вас и сакам со Вас да споделам неколку мои размислувања и погледи, а и практично да покажам за кои ставови и принципи се залагам. Овој пат имам да соопштам неколку работи:

– убедена сум, дека ниту едно прашање и ниту една работа, не се поважни од здравјето и животот на еден човек.

– убедена сум, дека Вие граѓаните на Битола, моите пријатели, моите студенти, моите деца, без исклучок во овие тешки времиња заслужуваат искреност, принципиелност и храброст, а не политички памфлети и ликови скриени зад маски.

– убедена сум, исто така, во Вашата совесност и одговорно однесување и немам намера да Ви делам лекции како да се однесувате во овие тешки времиња и пандемиска криза.

– убедена сум, се надевам за среќа на сите нас заедно, дека сепак разумот ќе надвладее кај сите и дека нема неразумно да бидеме втурнати во ситуација во која би го ризикувале највредното: здравјето и човечкиот живот.ВМРО ДПМНЕ има јасни позиции и тоа нема да го дозволи.

Демократијата, пристојното однесување, традицијата, почитувањето на моралните и етичките норми сите не обврзуваат во ова време да бидеме разумни, приземни и најпрвин одговорни. Изборите се неминовност и ќе се случат, во првиот момент кога за тоа ќе се создадат пристојни услови, а Македонија ќе добие власт каква што заслужува. Во оваа прилика, сакам само уште еднаш да апелирам, дека криењето зад маските и политичките тиради, како обид да се атакува врз вашата слободна волја и размислување, почитувани граѓани, за мене е неприфатливо и еве јас си дозволувам да ви се извинам и во нивно име. Останете ми во добро здравје“, рече  Силвана Ангелевска од ВМРО ДПМНЕ-Битола.

Share.