13 загинати во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот Венко Филипче вечерва соопшти дека 13 патници загинаа во сообраќајната несреќа со превртениот автобус кај Тетото.

Од загинатите, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките.

Филипче соопшти дека во болницата „8 Спетември” се донесени 25 пациенти, од нив 22 се полесно повредени и се хоспитализирани, тројца се полесно повредени, четворица се сместени на интензивна нега.

Во Ургентниот центар се наоѓаат петмина пациенти, тројца полесно повредени. Од нив една е бремена жена, еден пацент се подготвува з ахируршка интервенција, а еден е во крајно тешка состојба.

На местото на несреќата биле упатени возила на Итната медицинска помош од Здравствен дом Скопје, како и од болниците Неуромедика и Систина.

Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци.

Share.