Скрининг на деца со кардио и респираторни заболувања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со помош на смарт часовници кои даваат податоци за евентуални аномалии, во тек е скрининг за мапирањена деца од 6-12 години со кардио и респираторна чувствителност. Целта е да се подобри здравјето на децата, но и да се идентификуваат можни нови пациенти. Процесот на мапирање се уште трае, а досега кај 10% се утврдени аномалии. Денес на плоштадот Магнолија во рамки на проектот насловен „Здравствена заштита на децата со кардио и респираторна чувствителност во прекуграничните региони“, преку програмата за погранична соработка меу Македонија и Грција, се одржа инфо ден,

„Се опфтени околу 600 деца од досегашното мапирање, се поставуваат смарт часовници за сите аномалии, преку софтвер одат податоците во болницата. Потоа во амбулантното педијатриско возило кое е набавено преку проектот, да се трансферираат на понатамошни прегледи. Досега 10% се мапирани, вели Милчо Дули, претседател на СФЕРА Интернационал.

Смарт часовникот кој им се става на децата е поврзан на интернет 24 часа и преку него тимот педијатри од битолската болница ги следат параметрите. Амбулантното педијатриско возило после проектот ќе биде донирано на Клиничката болница во Битола.

„Ова е еден голем исчекор, тие се детектираат и потребно е да се направи. И инциденцата не е голема на неоткриени бидејќи често и пренатално се следат тие аномалии и деформитети. Се разбира дека е од големо значење, бидејќи подобро е да спречиме отколку да лечиме во подоцнежна возраст за да се преземат сите здравствени протоколи кои треба да сенаправат за квалитетен живот на едно дете“, изјави др. Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница во Битола.

Во проктот се вклучени 5 партнери. Од македонска страна тоа се Сфера Интернешанл и Високата медицинска школа и три партнери од грчка страна, каде исто така се прави скрининг на деца.

„Ова е исклучително важен проект за Општина Битола, ги подобрува услугите кон граѓаните, кон една сензитивна попоулација кои имаат проблеми со кардио-васкуларните заболувања. Ова е проект кој покажува дека кога повеќе субјекти ќе се поврзат, односно невладини организации, Високата медицинска школа во Битола, општината и Министерството за локална самоуправа, навистина може да се извлече резултат исклучително значаен, кој врши поместување на квалитетот на живеењето на сите граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Македонската страна од Интерег ИПА програмата доби 250 илјади евра, а 32 илјади евра кофинансираше Министерството за локална самоуправа.

„Околу 4 до 5 проценти од тестираните деца имаат потенцијална можност за ризик од вакви болести, а ако се додадат и деца кои претходно биле третирани од овие болести доаѓаме до бројка од 60 дечиња во градот. Во разговор со докторите, тоа се понтенцијални случаи и голем дел од нив нема да имаат последици, да речеме, мал е процентот на деца кои се загрозени или потенцијално опасни “, истакна министерот за локална самоуправата Горан Милевски.

Проектот треба да заврши на 8 декември годинава.

Share.