14 загинати во напад на Талибанци во Авганистан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Талибанците утринава се обиделе да го заземат Газни, а пред да бидат протерани од градот во источниот дел на Авганистан, талибанските борци успеале да убијат најмалку 14 полицајци, и повредиле најмалку 20 припадници на безбедносните сили, според авганистанските власти.

Талибанците во текот на ноќта се криеле во куќи пред околу 02:00 часот да излезат на улиците и со огнено оружје да ги нападнат авганистанските безбедносни сили, подметнале пожари во неколку продавници во Газни.

По одбиениот напад, полицијата спровела претрес на куќите во потрага по преостанатите талибански борци.

mkd.mk

Share.