14 загинати во снежното невреме во Европа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 14 лица загинаа во снежната бура која во изминатите денови ја погоди Европа, а најтешка е состојбата на Алпите.

Австрија го подигна предупредувањето за лавина на највисоко ниво во неколку региони, а околу 350 жители на германската покраина Баварија се затрупани со снег, пренесе АП.

Во одредени делови на Австрија и на југот во Германија уште се затворени училиштата, а неколку автопатишта се блокирани.

Освен лавината, и снегот создава проблеми во сообраќајот.

Share.