1,4 милијарди евра се свртеле во казината и обложувалниците во земјава за пет години

0
800

Mакедонските казина и обложувалници во последните пет години свртиле неверојатни 1,4 милијарди евра. Тоа е сумата што сите казина и обложувалници ја имале како приход, објави телевизија 24 вести. Но, како што објави телевизијата, далеку помала е сумата што потоа е пријавена како добивка. Односи, сите казина и обложувалници во земјава за пет години имаат добивка од 56,5 милиони евра.

Приходите на казината и обложувалниците, во последните пет  постојано се зголемуват, но добивката не го следи истото темпо.

 

Приходи и добивки во казина и обложувалници

Приходи         Добивка
2012 година         207,0             10,2
2013 година         254,2             13,1
2014 година         280,2             8,4
2015 година         297,0             9,3
2016 година         357,0             15,5
во милиони евра