1451 лице денеска вакцинирани во Битола и околината

Во вакциналниот пункт во Битола денеска се вакцинирани 1436 лица, ревакцина и вакцина со прва доза.

Претпладнево долга редица пред пунктот, но граѓаните велат дека немало многу чекање и дека брзо одел процесот на вакцинација.

Вчера на вакциналниот пунк биле вакцинирани околу 60 деца кои се пријавиле на системот на министерството за здравство.

Денеска продолжи и теренската вакцинација во битолско во Црнобуки и Ново Змирнево, Драгарино, Лисолај и Лопатица. Во овие населени места биле вакцинирани 158 лица.

Утре теренската вакцинација ќе биде во:

Новаци, с.Мегленци, с. Арматуш, с. Грумази и с. Гнилеж  од 08-10 часот  (во здравствена амбуланта во Новаци)

с. Рибарци од 10 – 10:30 часот (во училиште)

с. Гнеотино од 10:30 – 11 часот  (во амбулантно возило на сред село)

с. Брод од  11 – 11:30 часот  (во амбулантно возило на сред село)

с. Бач, с. Добровени, с. Скочивир и с. Сливица од 11:30 – 12:30 часот (во училиштете во с. Бач)

с. Живојно од 12:30 – 13:30 часот  (во училиште).

Сподели