ТЕРА

REKLAMA???

15 ГОДИНИ „ГЕОБАЛКАН“ – БИТОЛА

Познатата компанија од областа на геодезијата, проектирањето, урбанизмот „Геобалкан“ одбележува 15 години од формирањето. денеска ги посетивме и напрвивме разговор со директорот Борче Стојановски.

 

Во историјата на македонските младински серии постои таа од пред околу 4 денцении, насловена „Другарувања“.  Борче Стојановски, со многу познати имиња од светот на македонските актери беше дел од неа.

„Тоа беше во моето детство, кога учествував во драмски секции во основно и средно, па добив некаква можност да ма повикаат во Скопје и да учествувам во серијата „Другарувања“….ни рече Борче Стојановски.

Среќа, животниот пат го одвои од светот на актерите, театарските и филмските инвентари и реквизити.  Претприемништвото на Стојановски  му стана поголем предизвик , а пред 15 години ја основа компанијата „Геобалкан“. Денеска оваа битолск фирма е показ за визија, инвентивност, професионалност.

„Од една катастарска куќа којшто во моментот на почнување во таа 2009 годинан кога се одлучив да излезам од државниот катастар и да основам своја фирма намерата, желбата беше да се направи една катастарска геодетска компанија којашто ќе функционира локално и ќе придонесува овде на овој пазар.

Но, во текот на работењето се  отвораа нови врати, нови правци, ангажиравме и дополнителни архитекти, инженери од сите области и во еден момент стигнавме од бројка од 26 вработени. Од почетоците за катастарска замисла, стигнавме до една проектантска компанија којашто работи пошироко на Балканот. Ние имаме канцеларии во Скопје, во Битола  и во Охрид, а имаме исто така и во Подгорица. Покрај тоа што работиме во Црна Гора, работиме и во Хрватска. Се тоа е одраз на квалитетот и можностите коишто ги нудевме да соработуваме со различни компании.“ – се присети Стојановски на дел од развојниот пат на компанијата.

Различни се и законите, и начинот на кој се води бизнисот денес од пред 15 години, генерално, а промените во светот влијаат на работата на компаниите како „Геобалкан“’.

„За првите 10 години кога правевме прослава можевме да се пофалиме за годишен развој, напредок, пораст на буџетот и бројот на вработени , успеси. Во периодот од овие 5 години од 2019 до денес ние се соочивме со светски економски и енергетски кризи и здравствена криза и , како најголем наш успех е тоа дека останавме на ноѕе, успеавме да ги задржиме сите вработени , на нашиот пазар, на нашата бранша да се одржиме и со квалитет и со квантитет. “

Сепак, да се биде дел од професионалните компании на територија на Балканот подразбира дека фирмата покажала и го покажува својот идентитет, културата, својот дух – сите насочени кон создавање на можности за развој, просперитет.

„Пазарот и нашето работење допринесе или отвори потреба да отвораме канцеларии таму кадешто имаме најмногу контакти . Најпрвин почнавме да работиме во Скопје, па показателите дека на пазарот добро функциониравме и во еден период работевме (2014-2017) за Дојче Телеком, за да после добиеме покана од нив да ја работиме истата работа во Црна Гора. Ние имавме одлична екипа, со многу среќа го прифативме тој предизвик и влеговме на тој пазар. Среќа што прво добивме работа па потоа тековно се пробивавме на пазарот, морам да признам дека на Балканот уште важат југословенските дипломи , ние државите си ги признаваме меѓусебно, па успеавме да ги верифицираме дипломите,. Лиценци областувања да добиеме на тие пазари и да се развиваме во инфраструктурните правци и да се специјализираме за телекомуникациски правци и работење со телекомуникациски компании кои се на пазарот , како А1, Телкеком во Македонија. “ – вели Стојановски.

Како потврда на квалитетот на услугите, компанијата на почетокот на 2011 година се приклучи на имплементација на системот за квалитет и животна средина: ISO 9001: 2008 и ISO 14001: 2008,  една од  главните насоки во кои се специјализира е инфраструктурата, а на листата компании со кои соработуваат се и Вип Австрија, Македонски Телеком, проекти на ООН, проекти на Агенцијата за земјоделие ФАО за земјоделското земјиште на територијата на државата.

„Секој град, секој реон си има свои специфики. Она што е највано е дека успеавме ние локални поединци , колеги да ги имаме во нашите испостави  кои на дневно ниво контактираат со општините, судовите, или телекомуникациски компании и таа потреба не донесе во ситуација да мораме да сме пристутни секаде, и со број на луѓе за да контактираме. Во Македонија , а и на Балканот, личните контакти ги прават односите на компаниите. Затоа оној предизвик кога беше затворањето со корона вирусот многу се одрази врз нас. Ние не бевме навикнати на работа од канцеларија , нашата работа е теренска, отворање, контакти, градби, градежништво.“

Компанијата изработува запишување на недвижности, премер и впишувањена инфраструктурни објекти и други о дделот геодезија, изработува урбанистичка планска документација и проекти за инфраструктура од делот урбанизам,вработенјите  проектираат хали, производни погони, собраќај, вршат оперативен надзор за изградба, ревизии на основни проекти, проценка на недвижности, израотуваат и физибилити студии за земјиште, се лиценцирани изработувачи на вешти наоди од областа на геодезија и архитектура.

„Она што можам да се пофалам, мене ми е од големо значење што во овие 5 години во компанијата се приклучи мојот син Антонио, кој ми е колега, заврши истиот факултет, магистрира на градежен факултет. Тоа подразбира дека оваа компанија ќе функционира во иднина и , продолжуваме да инвестираме и во опрема, и во луѓе и во колеги инженери, затоа што се гледа дека мојот син ја пронајде својата иднина тука во компанијата и уште поважно во државата. И, тоа ми значи многу. Ќе работам се додека можам без разлика на возраста, но со цел овој тим колеги кои се доста помлади, заљедно со мојот син да продолжат на овој пат и да може да слават и 30 и 50 години .“ – вели Боро Стојановски.

„Геобалкан“ е високопрофесионална компанија која ги извршува сите актовности од областа на геодезијата, проектирањето, урбанизмот, вештачењето, проценката и други активности поврзани со имотно-правните работи на територијата на државата и во земјите од Балканот.