15 години „Интерворкс“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И.Т. компанијата „Интерворкс“ синоќа прослави 15 години јубилеј успешно работење. Нивната приказна започнува во 2004та година најнапред со 5 вработени, за денеска да ја достигнат бројката од 150 вработени, што ја прави една од најголемите компании во регионот од овој сектор.

Отвораат и едукативен центар во Битола, со цел да има повеќе И.Т. кадри, бидејќи оваа професија е дефицитарна.

Оваа професија ја нарекуваат професија на иднината, со оглед на тоа дека и нашето секојдневие е поврзано со модерната дигитализација.

Во овој 15 годишен јубилеј компанијата „Интерворкс“ може да се пофали со над 300 успешно завршени проекти и задоволни клиенти во Европа и Америка.

 

Share.